Даниела, сопругата на почионатиот хравтски пејач, Дино Дворник се потсети на својата венчавка со нејзината најголема љубов.
Даниела објави страи фотографии, кои досега не биле објавени во јавноста.
„Кај мајка ми најдов некои фотографии. Тој ден, 12.08.1989 година во 19 часот и 10 минути се венчавме, едноставно, без никаков гламур. Бевме најчудни младенци и најверојатно единствена невеста во виолетов фустан во тој период. Јас се возев во „Јого 45“, а Дино ме следеше со велосипед“, се потсети Даниела.
Во една прилика таа истакна дека Дино задоцнил на свадбата, но не му се налутила. Дино и Даниела се запознале на домашна забава.
„Беше искрен, ми се приближи и ми кажа: „Зошто јас и ти да не почувствуваме вибрации“. Беше упорен. Таа вечер многу зборувавме, а потоа тој заспа на креветот“ раскажала сопругата на хрватскиот музичар.