(Фото) Боба ја води Лепа Брена на патување од соништата

Сопругот на српската пејачка Лепа Брена, Боба Живоиновиќ се пофали дека ќе ја води неговата сакана и синовите на патување од сништата. Боба на социјалните мрежи објави дека ќе одат на летување во Австралија.

„Ја носам мојата Бека во Австралија затоа што таа тоа го заслужи. Со нас одат и нашите синови. Ќе останеме тука до средината на февруари. Прво ќе го посетиме егзотичниот исток, па во Австралија, каде Брена и Стефан ќе имаат по неколку настапи. Потоа вториот дел од одморот ќе го поминеме на островот Бора Бора“, изјавил Боба.

Брена објави фотографии од авионот, на кои напиша дека нејзиниот сопруг го исполнил ветувањето дека ќе ја носи на егзотично место. Покрај Брена фотографии објавија и нејзините синови. Велат дека ќе уживаат во луксузните патувања со обилна храна и пијалоци.

 

Scroll to Top