(Фото) Бојко Борисов е опериран, го повреди коленото додека играше фудбал

By

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, е опериран во софиската болница „Софијамед откога си го повреди десното колено додека играше фудбал.

Интервенцијата била направена синоќа. Снимките покажале дека Борисов го повредил внатрешниот менискус на зглобот со дислокација на дел од него.

„Тој сега закрепнува, а неговата состојба е добра“, изјавил доктор Антони Георгиев, раководител на Клиниката за артроскопска трауматологија при болницата „Софијамед“.

„Тој се повреди за време на рекреативно играње фудбал. Ги класифицираме како повреди на торзијата и дали некој го повредил или самиот направил погрешен потег, не можеме да прецизиравме. Во принцип, овој вид повреди е една од најболните и се препорачува хируршки третман без одлагање. Операцијата е мини инвазивна, па затоа не е од тежок карактер за пациентот“, вели Георгиев.

В среда Борисов требаше да се појави на првото сослушување во 45-тото Национално собрание.

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix dragon ball z: Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 83 (https://animeflix.nl/m/YYo4/ep-83)

AniWatch free anime: Watch Scum's Wish Episode 1