(Фото) Брена на ручек со првата жена на Боба

Фолк-ѕвездата Лепа Брена и нејзиниот маж Боба Живојиновиќ вчера беа на вечера со првата жена на Боба, Зорица Накиќ и со нејзиниот маж Иво. Таа се пофали дека се дружеле во Мадрид, Шпанија. „Ние семејно. Мадрид. Живојиновиќ и Накиќ“, напиша Брена на сликата.

Не е првпат Брена да се дружи со поранешната жена на Боба. Таа повременпо објавува заеднички слики од нивните средби, а прва сподели и слика со Зорица направена на свадбата на нејзиниот посинок Филип со Александра Пријовиќ. Фолк-пејачката неколкупати изјавила дека двете жени се во добри односи и дека меѓу нив нема нетрпеливост и ривалство.

Scroll to Top