(Фото) Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа

Српскиот пејач Дарко Лазиќ утрово доживеал страшна сообраќајна несреќа во местото Брестач во Србија.

Пејачот излетал од патот, а неговиот автомобил се превртел на кров.

Според неофицијални информации, Лазиќ е тешко повреден.

На лице место брзо стигнале полицијата и Итната помош која Лазиќ го префрлила во болницата КБЦ Земун.

Засега не е познато дали покрај пејачот, во колата со него се наоѓале и други лица.

 

Scroll to Top