(Фото) Дарко Лазиќ, по операцијата на желудникот, ослабе 70 килограми

По ланската сообраќајна несреќа, која едвај ја преживеа, српскиот пејач Дарко Лазиќ, по препорака на лекарите, почна да слабее. Но, бидејќи не му оделе диетите, тој реши да направи операција на желудникот, по која намали речис 70 килограми. Тој на „Инстаграм“ објави слика и покажа како изгледа сега. Од фановите доби комплименти, тие му пишуваа дека никогаш не изгледал подобро.

„Се работеше за моето здравје. Лекарите ми рекоа дека нема да може ни да одам од дебелината. Разговаравме за разни опции и тие ми рекоа дека најдобро решение е да ми се намали желудникот. Отпрвин се исплашив, стравував од компликациите што може да се јават. Разговарав со хирургот и тој ми објасни дека станува збор за рутинска операција и дека тежината сама ќе исчезне по неколку месеци. Сега следува периодот на закрепнување на организмот и за да го доведам во нормална состојба. Треба да помине време и се надевам дека ќе ја добијам и оваа битка“, рекол неодамна Лазиќ во интервју.

 

Scroll to Top