Црногорската старлета Сораја Вучелиќ се пофали дека има нови дијамантски чизми, кои чинат 9.950 евра. Според нејзините обжаватели, старлетата за тие пари можела да си купи еден нов автомобил или неколку половни.
„Ти си потполно луда. За таа цена можеш да купиш добар автомобил“, коментираат обожавателите под фотографиите што Сораја ги објави на социјалните мрежи.
Дијамантските чизми, високи речиси до колковите, се креација на германскиот моден дизајнер Филип Плеин, кој е познат по скапоцените часовници.
За потсетување, Сораја пред неколку месеци се сврши со син на руски тајкун, кој постојано ѝ купува скапи подароци. Според српските медиуми, таа само ова лето на гардероба потрошила околу 40.000 евра. Таа неодамна се пожали дека нејзиното „ламборџини“ заврши во базен, откако по грешка наместо на сопирачка стиснала на педалата за гас.