Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, која се здоби со сериозна повреда на раката за време на сообраќајната несреќа минатата година, за првпат се појави во јавноста со фотографија направена со сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ.
„Мојата Деа е сè подобро и подобро и наскоро се враќа на работа. Со крајни маки ја убедив да не доаѓа во сабота во телевизијата. Љубов наша“, напиша Жељко на фотографијата.
Деа во моментов се наоѓа во Клиничкиот центар во Србија, на одделот за ортопедија, а лекарите велат дека пред неа е долг период на закрепнување. Таа во моментов се наоѓа во болничкиот центар на одделот за ортопедија, каде ја направи првата заедничка фотографија со нејзиниот шеф.
По неколку часа Деа ја објавила фотографијата на својот инстаграм-профил. 27-годишната водителка се здоби со тешки повреди откако се најде помеѓу два автобуса и три автомобили, несреќа во која беа повредени уште две лица. Прво водителката имала полесен судар со друг автомобил, а во моментите кога излегла за да ја прцени штетата, на неа налетал автобус.