(Фото) Двегодишнина од смртта на Велимир Бата Живојиновиќ

Денеска навршуваат две години откако почина најголемата актерска легенда Велимир Бата Живојиновиќ. Во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград во 11 часот бил одржан помен на кој присуствувале сопругата на Бата Живојиновиќ, Лула, како и бројни пријатели на легендарниот актер.

„Се чувствувам многу тажно. Иако во разговорите со децата, со пријателите, тој секогаш е со нас. Мене лично Бата многу ми недостасува“, изјавила Лула.

Лула стигнала меѓу првите во друштво на внуката Дина.

Тука биле и сестрата на покојниот актер, Станка, како и братот, а потоа и актерот Радмила Живковиќ, Ивица Дачиќ, Бранко Ружиќ и многу други.

Легендарниот актер Велимир Бато Живојиновиќ, еден од најголемите актери родени на балканските простори, починал на 22 мај во Белград на 83-годишна возраст, во болницата „Свети Сава“ по долгата и тешка борба со болеста.

 

Scroll to Top