Пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот нов избраник, турскиот бизнисмен Садетин Саран, јавно ја обелоденија својата врска во јавноста. Двајцата повеќе не се кријат од папараците.
Последен пат биле забележани држејќи се за раце во кино. Двојката како што пишуваат медиумите, си поминале убава вечер гледајќи го филмот Bohemian Rhapsody, приказната за Фреди Меркјур. Потоа заминале на вечера.
Двајцата пред да ја обелоденат врската во повеќе наврати се забележани на неколку приеми и јавни настани во турскиот џет-сет, а интересно е дека Емина претходно имала и пријателски однос со поранешната сопруга на Саран.
Голем број на турски медиуми пишуваат дека Емина и Садетин се одлучиле јавно да ја обелоденат врската, откако доскорешниот сопруг на пејачката Мустафа, објавил дека е среќен во новата врска со турската пејачка Симга Сагин.