Српскиот фудбалер Лука Јовиќ и неговата свршеница, манекенката Софија Милошевиќ, добија син. Софија се породи вчера во Мадрид, а Лука, кој игра во „Реал“, веднаш објави слика од бебето.
„Нашето момче пристигна“, напиша фудбалерот на сликата направена во болница, веднаш по породувањето на манекенката.
Ова е второ дете за фудбалерот, кој го има синот Дејвид од врската со манекенката Анѓела Маниташевиќ. Ова е прво дете на Софија.