Пејачката Наташа Беквалац се пофали дека успеала да собере 600 000 обожаватели на Инстаграм. Таа објави провокативна фотографија од боксерски ринг на која позира гола. Голите гради ги покри со рацете.
„Фала ви на 600 000 обожаватели. Експертите за ‘Инстаграм’ велат дека треба да поведам сметка на естетиката, да почнам да објавувам повеќе фотошопирани фотографии од мене, а помалку од моите деца. Не знам, ми се чини дека и вака е океј“, напиша Беквалац.
Фановите ја пофалија пејачката за нејзината убавина, па ѝ порачаа дека нема потреба да ги обработува фотографиите.