(Фото) Горан Богдан облече розов фустан и ги поддржа актерките жртви на сексуално злоставување

Хрватскиот актер Горан Богдан позираше во розев фустан со кренат среден прст за да ги поддржи српските и хрватските глумици кои изминативе месеци открија дека биле силувани или биле жртви на сексулно малтретирање.

„Не барав. Што не е јасно“, напиша глумецот во пораката со неколку хаштагови: „доста е“, „не те давам сестро“, „поддршка“.

Сето ова се случува откако актерката Даниела Штајнфелд откри дека филмскиот моќник што ја силувал кога имала 21 година е популарниот глумец Бранислав Лечиќ, а неколку месеци претходно и актерката Милена Радуловиќ го обвини својот професор по глума Мика Алексиќ дека ја силувал во неговата школа за глума.

Scroll to Top