Хрватската поп кралица Јелена Розга не престанува да изненадува. Што со песните од новиот албум „Модерна жена“, што со видоспотовите, стајлингот, фотографиите… А кога сме веќе кај фотографиите и нивното споделување на социјалните мрежи, на последната објавена на најзениот ФБ профил, сексапилната сплиќанка е во необична поза, помалку специфична поза. Имено, пејачката е сликана како го гушка инструментот на нејзиното момче!
Фотографијата е направена во Арената во Пула, пред концертот на „Ту челос“ на чија половина, Розга му е поубава половина. Поточно, хрватската пејачачка е веќе подолго време во сериозна врска со челистот Стјепан Хаусер, па не е ни чудо што со виолончелото в раце, тврди дека е подготвена… за концерт! Таму само како верна публика на нејзиниот сакан и неговиот компањен од „Ту челос“, а вечерва и утревечер на сопствените настапи низ Македонија!
Имено, викендов, хрватската поп дива Јелена Розга ја започнува својата летна турнеја 2017 низ Македонија со спектакуларни настапи низ најатрактивнните летни клубови и дискотеки, како и на летните фестивали во земјава!
Така, вечерва, петок, 7 јули, ноќниот клуб „Де Факто“ во Гевгелија ќе биде местото каде Розга заедно со својот бенд во живо два часа ќе ги забавува присутните посетители со своите најголеми хитови, како и песните од новиот албум „Модерна жена“, кои промотивно ќе ги изведе во Македонија! Интересот е веќе голем, па се очекува рекордна посетеност.
Утревечер, сабота, 8 јули 2017, следната адестинација на сплитското цунами е клуб плажата „Кадмо бич“ во Охрид. Клубот на ланските настапи беше преполн до последното место, а речиси четири илјадната публиката во делириум едвај чекаше да ги запее рефрените на најголемите хитови на хрватската музичка ѕвезда.
И овојпат Розга ветува дека ќе стории се’ охриѓани и присутните туристи да заборават на земјотресите, да се опуштат и да и се препуштат на забавата, а таа потресите ќе им ги замени со вистинско музичко цунами!