(Фото) Карлеуша го прослави Велигден со ќерките

Српската пејачка Јелена Карлеуша на „Инстаграм“ се пофали со фотографии од семејната прослава на Велигден. На пејачката за големиот празник друштво и правеа ќерките Ника и Атина. Јелена ја покажа и богатата трпеза, а објави фотографии и од кршењето со јајца на нејзините ќерки.

Јелена вели дека нејзината помлада ќерка секогаш се љути кога ќе загуби, па мора постојано на крајот да и кажуваат дека таа е победникот.

Карлеуша во саботата настапила во ноќен клуб во Салцбург. Тоа и бил првиот концерт од смртта на нејзината мајка. Медиумите пишуваат дека засега официјални потврди за разводот на Јелена и нејзиниот сопруг Душко нема.

Некои од медиумите пишуваа дека Душко ги предал документите за развод, нешто што сакал да го направи уште на почетокот на годината, но поради смртта на мајката на Јелена, го одложи ваквиот потег.

Медиумите пишуваат дека Душко ви Кина заработува 14 милиони евра годишно и не сака тие пари да ги дели со Карлеуша, па фудбалерот ги ангажирал најдобрите адвокати.

 

Scroll to Top