(Фото) Карлеуша смеѓа како тинејџерка, пејачката се врати во младоста

Српската пејачка Јелена Карлеуша на социјалните мрежи објави нејзина фотографија од пред 30 години. Како девојче таа позира со шешир на главата, а фановите најмногу ја коментираа нејзината боја на коса.

Многумина пишуваат дека била слатка и неодолива во тинејџерските години. Некои коментираат дека Јелена не е природно русокоса и дека била поубава кога имала природна смеѓа боја на косата.

„Колку само си се изменила. Подобра и поубава си била кога си била природна“, биле некои од коментарите.

Scroll to Top