(Фото) Катарина Богиќевиќ од ТЛЗП се вери со детелина со четири листа

Црногорската пејачка и глумица, Катарина Богиќевиќ, која се натпреварува во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, викендов се вери со манекенот Марко Дошљак. Таа на социјалните мрежи објави слика од свршеничкиот прстен – црн со детелина со четири листа, па откри дека наскоро ќе се мажи.

„Му кажав ‘да’, на човекот од моите соништа. Тој е најслаткиот, најсмешниот и најневеројатниот човек што сум го запознала. Тој е мој пријател и стана мојот партнер. Тој е толку луд и симпатичен во исто време. Сакам да поминувам време со него и да живееме заедно. Јас сум толку горда што сум негова девојка и ќе бидам уште погорда кога ќе бидам неговата сопруга. Ајде да направиме магија душо“, напиша Катарина на „Инстаграм“.

Таа последниот настап на ТЛЗП, каде што ја имитираше Сиа, му го посвети токму на својот свршеник.

Инаку, јавноста во регионот најмногу ја знае Катарина по учеството во ТЛЗП, ама и по нејзината улога во серијата „Фолк“. Таа лани се натпреваруваше и на црногорскиот избор за песна на Евровизија, Монтевизија, а пееше песна од Дарко Димитров.

Scroll to Top