(Фото) Колинда ослабе, успеа да влезе во панталони од пред 10 години

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ вели дека ослабнала неколку килограми и дека сега може да ги облече панталоните од пред 10 години.

Таа за магазинот „Глорија“ изјавила дека ослабела благодарение на диетата која ја имала, но дека во никој случај не гладувала.

„Обврските не ми дозволуваа да бидам гладна. Кога сум гладна мозокот не ми функционира. Признавам дека по напорниот ден, знаев да изедам сендвичи, поради кои се здебелив десетина килограми. Но, денес морам да признаам дека сум ослабната и можам да влезам во панталоните кои ги купив од пред 10 години во Америка. Многумина ме прашуваат која е мојата тајна, а јас велам дека за мојата добра линија се заслужни движењето и медитеранската исхрана“, изјавила Колинда.

Хрватската претседателка вели дека пие многу вода, најчесто од чешма. Поради кофеинот го избегнува кафето и црвеното вино поради интолеранцијата на хистамин. Во фрижидерот секогаш има многу овошје и зеленчук, особено авокадо.

Колинда вели дека целосно го исфрлила шеќерот и во нејзината исхрана нема леб.

„Контролирана и уромантожена исхрана. Нема јадење ноќе и мора да се движите“, вели Колинда.

Scroll to Top