(Фото) Лихвари го запалиле гробот на таткото на Дарко Лазиќ

Гробот на таткото на Дарко Лазиќ, Милан, изгоре во пожар. Огнот целосно ја уништил рамката со вештачка трева и долниот дел од надгробниот крст, а венците кои стојат тука од декември, кога Милaн беше погребан, не биле зафатени од огнот, пишуваат српските медиуми.

Соседите на Лазиќ од селото Брестач велат дека семејството се сомнева дека пожарот е подметнат. Некои велат дека тоа го направиле лихвари, оти не е тајна дека Дарко им должи многу пари.

„Семејството не заслужило нешто вакво. Страшно е некој од злоба или љубомора да го уништи гробното место на Милан. Тој беше добар и чесен човек, подготвен да помогне на секого. Нè потресе ова што се случи“, рекле мештаните за медиумите.

Scroll to Top