Виолончелистот Лука Шулиќ од 2 Cellos стана по вторпат стана татко. Тој и неговата сопруга Тамара добија ќерка на која ѝ го дадоа името Хана. Музичарот првата фотографија на Хана од породилиштето ја објавил на својот инстаграм-профил. Под неа напишал емотивна порака.
„Се роди нашата мала принцеза Хана. Така сум горд на својата принцеза и нејзината мајка, мојата прекрасна сопруга Тамара Шулиќ. Ова е доказ дека работите не се одвиваат онака како што планираме и дека универзумот има свои планови. Хана нè изненади и се роди две недели пред очекуваниот датум. Јас моментално сум во Рим, каде го снимам својот прв соло-албум. Жал ми е што не бев присутен за време на породувањето, но мојата сопруга ми кажа дека подобро е кратко и брзо породување без мене отколку тешко со јас покрај неа. Бев присутен на пораѓањето на моето прво дете. Едвај чекам утре да стигнам дома, да ја запознаам и да ја земам во прегратка“, напишал Шулиќ.
Лука и Тамара се во врска од 2015 година, а се венчале на 7 јули 2017 година на интимна церемонија во Словенија. Првото дете, синот Вал, го добија во ноември 2017 година.