(Фото) Луксуз за празниците во домот на Емина Јаховиќ

Пејачката Емина Јаховиќ се пофали со луксузно уредениот дом пред новогодишните празници. Таа на социјалните мрежи откри дека подготвува празнична вечера, па објави неколку фотографии од трпеза и од деталите, а им се заблагодари и на девојките што ѝ го разубавиле домот.

„Мојата убава предновогодишна трпеза. Ги обожавам Фаберже деталите“, напиша Емина на сликите.

Пејачката со своите обожаватели постојано споделува слики и видеа од нејзиното секојдневие. Изминатиов период во јавноста беше актуелна заради разводот со Мустафа Сандал, и новата врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран.

 

Scroll to Top