(Фото) Луна Џогани тајно се омажи: Црн фустан и трубачи пред општина

Пејачката и ријалити ѕвезда Луна Ѓогани викендов тајно се венча со својот свршеник Марко Миљковиќ. Тие склучија граѓански брак, а наскоро планираат и црковна венчавка. Луна на венчавката носела црн мини фустан со бело палто, а пред општинската зграда во Раковица ги испратиле трубачи, пренесуваат српските медиуми.

Иако претходните денови се пишуваше дека двојката ќе се венча, Луна и Марко демантираа. Но, откако беа објавени сликите, Марко ја потврди веста.

„Точно е дека тајно се венчавме и сега сме маж и жена. Црковната церемонија допрва нè чека. Ова го направивме во интимна атмосфера, а за неколку дена планираме да направиме гала вечера. Денес не сакаме никој да нè вознимирува. Пресреќен сум што Луна конечно е моја жена“, рекол Марко за Ало.рс

За потсетување, Луна и Марко се запознаа во реалното шоу „Задруга“ во јануари 2019 година. Се свршија во септември 2020 година, а набргу потоа објавија дека очекуваат бебе. Луна е ќерка на пејачката Анабела Атијас и Гаге Џогани од некогашното популарно дуо „Фанки Џи“. Таа сними неколку песни и иако наголемо најавуваше музичка кариера, се повлече од музиката. Нејзината мајка неодамна изјави дека сите во семејството сега се фокусирани околу бебето и дека Луна треба да се породи во средината на јуни.

Scroll to Top