(Фото) Маж го нацрта ликот на Шабан Шаулиќ на стадион

На стадионот на фудбалскиот клуб „Борец“ во Шабац маж го нацрта ликот на починатиот фолк-пејач Шабан Шаулиќ. Покрај неговиот лик, тој нацрта и неколку музички ноти.

„Секогаш беше насмеан, затоа е таква и сликата. На овој начин сакав да му оддадам почит на мојот сограѓанин“, рекол за српскиот весник „Курир“ мажот што сакал да остане анонимен.

Шаулиќ е роден во Шабац на 6 мај 1951 година. Тој почина на 17 февруари во сообраќајна несреќа на автопат во близина на градот Билефелд.

Шабан Шаулиќ сам влегол во возилото за итна помош, подоцна починал во болницата

 

Scroll to Top