(Фото) Милош Биковиќ љуби српска манекенка

Откако пред две недели актерот Милош Биковиќ преку инстаграм-профилот објави дека веќе не е во врска со руската глумица Аглаја Тарасова, српските медиуми објавија дека има нова девојка. Биковиќ е наводно во врска со моделот Барбара Таталовиќ. Според пишувањата, тие се гледаат од јануари. Уште и велат дека во тоа време Милош веќе не бил во врска со Аглаја, ама дека не сакале да објават јавно пред премиерата на заедничкиот филм „Мраз“.

Милош и Барбара се запознале преку заеднички пријатели, а Барбара веќе била во Москва да го посети. Ниту еден од нив не потврдил дека се во врска. Единствено Милош на својот твитер профил напиша дека од медиумите дознал дека ќе се жени, ама и дека ќе стане татко.

„Читам нешто по порталите… Баш ме интересира што ќе се случува понатаму со Милош Биковиќ. Како се жени онака ‘невин’ кога на онаа другана веќе ѝ направил дете“, напиша тој.

Scroll to Top