Бројн пријатели и обожаватели на Тони Цетински присуствуваа на 50. роденден на хрватскиот пејач. Лудата забава се случила во познат ресторан во Загреб, а целата атмосфера ја подигнале згодни девојки.
„Само да ви кажам дека сум многу среќен што сте со мене вечерва. Ми фалат некои членови на бендот, но не е важно. Тие обично знаат да фалат“, се пошегува Цетински за време на неговиот роденденски говор.
Посебна благодарност Цетински упатил до својата сопруга. Пејачот се одлучил да направи тематска забава. Пејачот бил облечен како Ал Капоне. На себе имал црно одело со бели пруги, а целата комбинација ја комплетирал со шешир. Девојките биле облечени во стил на кабаре танчерки.
„Кога ќе го погледнеш овој човек, тогаш ќе сватиш дека некои луѓе навистина засекогаш остануваат деца. Искрени и нерасипани! 50, а како да го славиш 18 роденден“, напишал еден од гостите под фотографијата со Цетински на која пејачот позира со пушка направена од роденденски балон.