Српскиот весник „Блиц“ на насловната страна објавуви ексклузивна фотографија од пејачката Наташа Беквалац која викендов беше брутално претепана од сопругот Лука Лазукиќ.
Весникот пишува дека модринките и гребаницата под окото, како и големите подливи на рацете се доказ за бруталниот напад кој го доживеја познатата пејачка.
Лазукиќ за весникот демантира дека ја нападнал пејачката истакнувајќи дека модринките кои ги има се од масажа на која била Наташа.
Како што досега е познато, Наташа по бруталниот напад беше на два прегледи во Ургентниот центар во Белград каде докторите констатирале дека има потежок облик на потрес на мозокот. Пејачката потоа случајот го пријави во полиција и поднесе кривична пријава, а Лука доби 30 дена забрана за приближување до Наташа.