(Фото) На Јована Јоксимовиќ годините не ѝ можат ништо

Популарната водителка Јована Јоксимовиќ објави фотографија со колегата Срџан Предојевиќ и за истата доби голем број пофални коментари од своите фанови.

„Нема дистанца, но не дишеме додека се сликаме“, напиша Јована.

Фановите ѝ напишаа дека изгледа одлично и дека се нема променето низ годините.

„Како е можно со години да стануваш сè поубава“, ја прашаа фановите.

Јована, која од неодамна се врати од летниот одмор, почна со водењето на утринската програма. Во април таа наполни 39 години. Иако има три деца, таа и понатаму има витко тело и беспрекорен изглед. Јована вели дека досега таа нема направено ниту една естетска операција.

 

Scroll to Top