(Фото) Наташа Беквалац се здебели 13 килограми за еден месец, откако ги откажа цигарите

Српската пејачка Наташа Беквалац се пожали на Инстаграм дека за еден месец се здебелила 13 килограми, откако се откажа од цигарите. Таа ја спореди својата тежина со онаа која ја имала по раѓањето на нејзината ќерка Катја.

„60 килограми имав во моментот кога ја напуштив болницата после породувањето со Катја. Сега пак ми се случи истото, откако ги оставив цигарите, но не се откажувам. Ќе ме видите за 10 дена како ќе изгледам,“ напиша Беквалац.

Пејачката откри дека наскоро почнува со здрава исхрана.

Пејачката, во августот ги остави цигарите. 

„Многу ми е тешко без цигари. Ова е втора недела. Јас дури и не знаев каков зависник сум додека не ги оставив. Побарав помош од психотерапевт. Борбата е жестока, но јас не знам да губам“, изјави тогаш таа.

„Знаете што, јас првпат ги оставам цигарите, а кога по третпат ќе ги напуштиш мажите, тогаш е полесно, имам искуство“, одговори таа на прашањето дали навистина полесно го оставила сопругот, откако цигарите.

Минатата година Беквалац исто така им се пожали на фановите за својата тежина, откако објави дека се зделбелила седум килограми за време на карантинот. Тогаш призна дека поради вишок килограми побарала помош од нејзиниот нутриционист.

Scroll to Top