(ФОТО) Небојша жестоко ја НАПАДНА Цеца!

By
„Оваа личност е последица на повеќедецениско, константно бомбардирање на општеството, со невкус и неморал“, изјави Небоша Глоговац.Во интервјуто за босанскиот магазин „Дани“, Небојша Глоговац, зборуваше за улогата на Хамлет во претставата на Александар Поповски, во Југословенскиот драмски театар, и во таа прилика ја спомена Цеца Ражнатовиќ, но и Дара Бубамара.

dobivaj vesti na viber

Имавме неверојатна среќа што до нас, по толку време, стигна генијалната Шекспирова драма. Баш, така претпоставувам, за сто и кусур години генерации, ќе имаат среќа да до нив, наместо свирки од некој талентиран клинец, кој на клавир денеска го свири Рахманјновиц, ќе дојде Цеца. Затоа што Цеца е Шекспир на денешницата“, изјави Глоговац, кој на констатацијата на новинарката Тамара Никчевиќ, настаните подредени на овој начин, делуваат депримирачки, тој одговори:

„Не, не е депримирачки… Тоа е реалноста: Еден куп слики кои во изминатите децении доминантно експлоатирани. Како од медиумите, така од државите и политичарите. Цеца е симбол на времето, јунак на нашата доба. Таа е српска мајка, еј!

На прашањето што тоа значи, познатиот глумец, одговори:

„Не знам. Само знам дека таа гинекологија е многу интересна. Мжеби има тука и некои масовно силување, а, па оттука „српска мајка?“. Или станува збор за нешто друго? Кој знае?! Сепак, повторувам: Таа личност е последица на повеќедецениско константно бомбардирање на општеството, со кич, невкус, неморал. Истовремено, станува збор за чиста незаинтересираност на секоја власт да промовира крупни и сериозни содржини. Зошто? Веројатно затоа што знаат дека човекот кој живее во вакви системи, после тешкиот и напоред ден, полесно му е кога ќе се врати дома, да пушти некоја како неа, наместо да го слуша Бетовен… Можете ли во некоја друга држава, таканаречен регион да замислите богат доктор на науки, инжинери, научници, уметници? Можете ли?! Покажете му на човекoт кој и на малиот прст го има целото знаење на овој свет, а кој од својата плата овде може да живее живот за достоен човек. Па, го нема! Нема таков.

Луѓето со знаење и талент овде воглавно немаат пари. Наместо да се занимаваат со својата работа, докторите на науки со допломи кои не се купени или украдени денеска, работат како кондуктери, како таксисти, продавачи… или препродаваат телевизори. Капитало се слива на другата страна.

По тоа каде и кај кого иде парата, лесно можете да заклучите во какво општество живееме, за кои вредности се залагаме, што се цени. А се цени Дара Бубамара, јеб*га! Таа може да ја наполни која сака сала, кога и да посака! И полна е со пари! Веројатно има некои дополнителни активности, но, боже мој. Ова е свет на силиконски ци**и, и зад**цу“, заклучува Небојша Глоговац.

Ќе ви се допадне