(Фото) Неџла и бебето дојдоа дома

Актерката Фехрие Евџен, позната кај нас  по улогата на Неџла, пред неколку дена се породи со синот Каран. Таа и бебето веќе се дома, а турските медиуми објавија и фотографии од моментот кога брачната двојка заедно со бебето ја напушта болницата.

„Периодот додека бев бремена беше прекрасен. Бурак беше постојано со мене. Кога се роди Каран, добив најубавото синџирче со името на синот“, им рече актерката на новинарите.

Според пишувањата на магазинот „Таквим“, Бали-бег платил 50 илјади лири (околу 7.630 вера) во приватната болница за да го затвори целиот кат каде штолежеле неговата сопруга и синот  за да ги заштити од јавноста.

Scroll to Top