(Фото) Нина Бадриќ ужива на Карибите во друштво на руски милијардер

Пејачката Нина Бадриќ годишниот одмор го минува на Карибите, на островот Свети Бартоломеј, место за кое вели дека е едно од нејзините омилени дестинации, како и на голем број светски ѕвезди.

Хрватските медиуми пишуваат дека пејачката одмора во друштво на своите пријатели, меѓу кои и поранешната спрска пејачка Александра Мелниченко и нејзиниот сопруг, рускиот милијадер Андреја. За нивното пријателство говорат бројните фотографии кои Бадриќ ги објавува на социјалните мрежи.

„Конечно одмор. Шетам, на никој не сметам. Време е за првото кафе, а ова е поглед од мојата соба“, напишала Бадриќ на фотографијата која ја објавила на социјалните мрежи.

Пред две години Бадриќ го минала одморот на нивната луксузна јахта. Нивното пријателство пејачката вели дека трае повеќе од 10 години, а започнало во Дубровник каде за првпат се запознале. Бадриќ пеела и на венчавката на братот на Аександра заедно со групата Simply Red.

 

 

Scroll to Top