(Фото) Новак Ѓоковиќ подарува пари, Јелена предупреди на голема измама на „Фејсбук“

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ предупреди на голема измама која се шири на „Фејсбук“.

Таа ги предупреди своите фанови на „Инстаграм“, дека на социјалните мрежи се шири порака во која пишува дека нејзиниот сопруг наводно подарувал пари, ако претходно се исполнат одредени барања и услови.

Јелена вели дека сака навреме да ги предупреди своите фанови, за да не станат жртви на измама. Нејзе ја следат голем број на луѓе на „Инстаграм“, а таа им ја покажа пораката која и стигнала во инбокс.

„Во неа пишува дека на „Фејсбук“ кружи видео дека Новак подарува пари, а дека претходно треба да се исполнат некакви услови.

Таа веднаш реагирала и ги предупредила сите дека станува збор за измама и да не наседнуваат на истата.

Scroll to Top