(Фото) Новата девојка на Милош Биковиќ објави прва заедничка слика со актерот

Црногорската правничка Ивана Малиќ објави прва заедничка слика со актерот Милош Биковиќ и потврди дека веќе некое време се во врска. Тие веќе се појавија заедно на премиерата на хитот „Јужен ветер“ во Белград, но тогаш не се фотографираа заедно.

Ивана и Милош се во врска неколку месеци, но до сега немаат споделено заедничка слика на социјалните мрежи. Сепак, српските медиуми пишуваа дека Ивана е често заедно со Милош на неговите патувања во Русија, бидејќи во времето кога тој е во Москва и таа објавува фотки оттаму, а понекогаш става и стори од неговиот стан, но никогаш на ниедна од тие слики или видеа го немало познатиот актер.

Scroll to Top