(Фото) Омер се запушти поради пандемијата, обожавателикте го сакаат и бушав

Турскиот актер Бариш Ардуч, кого многумина го препознаваат по улогата во серијата која го прослави „Вљубениот ерген“, на Инстаграм објави фотографија на која изненади со својот изглед. Тој за време на пандемија најголемиот дел го минува дома, почитувајќи ги мерките на претпазливост, па затоа има подолга коса.

„Знам дека е предолга. Здраво“,  пишува Бариш за фотографијата. Но, сепак, обожавателките не го даваат, па му пишуваат дека  е убав во секакво издание. По  „Вљубениот ерген“, тој ја имаше главната улога во серијата „Гавран“, а сега игра во серијата „Јама“, која застана со снимање поради пандемијата.

Scroll to Top