И водителката и пејачот нестрпливо го исчекуваат денот кога нивните бебиња ќе дојдат на свет, а веруваме дека најсреќен ќе биде нивниот син Коста, кој ќе добите, како што се зборува, две сестрички.
Иако Јована неодамна изјави дека не знае кои пол се близнаците, и дека тоа најмалку им е важно, според најновите гласини, Јована наводно носи девојчиња.
Инаку, Жељко и Јована неодамна се вратија од Истанбул, по што пејачот престојува во Црна Гора.
Водителката одлично се чувствува, и би требало да се породи во октомври, а породувањето е закажано во Белград. Да потсетиме, Јована со синот Коста се породи во едно приватно белградско породилиште.
