Откако Карлеуша објави дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ, пејачката ја напушти Србија. Таа со ќерките замина во Турција. Папараците ја снимија во хотелот со пет ѕвездички, каде е сместена, а каде една ноќ чини 1200 евра.
Карлеуша носеше црн шешир и фустан, а темната комбинација ја разби со „Луис Витон“ папучи од 1100 евра и торба од 2700 евра.
„За жал Душко повеќе не се гледа како дел од нашето семејство“, рече Карлеуша кога објави дека се разведува.
„Преживеав сè, па ќе го преживеам и ова. Животот оди понатаму. За да ги спречам неточните натписи, целиот наш имот им го препишавме на нашите деца, а старателството на децата ќе ми припадне мене“, рече Карлеуша.