(Фото) Преместен гробот на Балашевиќ: Без црното белото не вреди

Гробот на легендарниот југословенски пејач, Ѓорѓе Балашевиќ, бил преместен десетина метри подалеку во сенката на четинарите.

На 40 дена од неговата смрт, неговите фанови забележале дека неговиот гроб не бил на местото каде беше погребан на 21 февруари.

Покрај името на починатиот, имало православен крст, како и стихот „Без црно, белото не би вредело“ од неговата песна „Портрет на мојот живот“.

Поминаа 40 дена од смртта на Балашевиќ, кога цела поранешна Југославија жалеше по него. Погребот се случи во кругот на семејството, а голем број обожавателите вчера отидоа да му оддадат почит на починатиот уметник

Scroll to Top