(ФОТО) Пу пу не важи: Соња и Лукас пак заедно

Она што започна како приказна за наводно неверство, заврши како шпанска трагикомична сапунска серија.

Аца Лукас и неговата сопруга Соња, во изминатиот месец приредија вистинско медиумско шоу поради кое беа во центарот на вниманието.

По „неверството“ со Марко Јариќ, таа не престана да се слика, а тој си најде нова девојка, Бранислава, со која си договори инстант брак.

Тиквата со новата љубов пукна преку ноќ, па Аца пак си се врати онаму каде што му е најсигурно, кај „неверната“ Соња.

Парот беше забележан во еден ресторан, каде што заедно со својата ќерка Викторија го поминаа попладнето.

-Лукас и Соња се слушнаа и сфатија дека поради детето е најдобро да бидат во добри односи. Соња заедно со Викторија се исели од станот, но кога пејачот раскина со Бранислава, одлучија да се смират, пренесува српски Блиц.

Останува да видиме до кога….

Scroll to Top