(Фото) Раперот Раста пуши трева пред ќерката Тара

By

Фановите го нападнаа раперот Стефан Џуриќ Раста, откако ги видоа фотографиите на кои тој, додека го чува детето, истовремено пуши и трева.

„Луѓе, гледате ли што има во пепелникот, а во исто време го држи детето во раце. Срамота. Покрај детето џоинт. Мајмуне“, беа некои од коментарите кои му ги упатија фановите.

Засега Раста не се огласи по повод овие фотографии. Тој го искористил убавото сончево време за да ужива во базенот со неговата ќерка Тара.

Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на раперот.

„Не разбирам зошто луѓето се мешаат во туѓите животи. Ако го сакате, тогаш прифатете го. Ако не, нема причина да го замарате. Знае он добро што, кога и зашто го прави тоа што го прави“, напишала една од неговите фанови.

 

Ќе ви се допадне