(Фото) Раста две години по разводот од Ана Николиќ не ја вади бурмата

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста, обави слика со ќерката Тара, прва откако излезе од затворот во Белград каде што беше четири месеци. Но, она што го привлече вниманието е бурмата што раперот ја носи, иако пред скоро две години се разведе од пејачката Ана Николиќ. Ова поттикна коментари дека тие се можеби повторно заедно.

Претходно, во интервју за српските медиуми и Ана рече дека времето што Раста го поминал во притвор бил еден од најтешките за неа.

„Сè ми се скрши. Сакав да се полеам со бензин и да се запалам пред собраниеро, да им покажам на луѓето дека грешат во врска со него. Ратса е дел од мојата душа, човекот што го сакав безусловно“, излави неодамна Ана.

За потсетување, Раста беше ослободен од притвор на 27 јануари, откако лани во октомври беше приведен заради поседување дрога. Според српските медиуми, тој се договорил со обвинителството да ја признае вината, а казната што ќе му биде одредена да ја служи во домашен притвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEFAN (@stefanrasta)

Scroll to Top