(Фото) Раста заглави во новото BMW од 130.000 евра

Српскиот рапер Стефан Џуриќ Раста имаше проблем да излезе од новиот автомобил од брендот BMW вреден 130.000 евра. Пејачот прво имал проблем да го паркира возилото иако имало доволно место.

Папараците кои го снимале, изјавиле дека сликата била мачна за гледање, а камоли за самиот Раста, за кој велат дека се препотил додека нашол место за каде да паркира. На крајот пејачот го оставил автомобилот пред самата гаража. Потоа следеле проблемите со излегувањето од BMW.

Автомобилот има врати кои се подигаат нагоре, па еден од телохранителите морал да интервенира, за да го извлече пејачот надвор. Додека излегувал Раста, за малку главата ќе си ја удрел од вратата.

Раста се пофали дека новата кола имал можност да ја проба и на автопат во Германија, каде нема ограничување на брзините. Пејачот вели дека буквално летал на патот. Покрај Раста со ваков луксузен автомобил на овие простори може да се пофалии директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ.

 

Scroll to Top