(Фото) Руска танчерка е новата девојка на Милош Биковиќ

Српскиот актер Милош Биковиќ е во љубовна врска со руска танчерка Арина Волошина, пишува магазинот „Стори“. Тие се видени на вечера во Москва. Милош е во Русија повеќе од две недели, бидејќи е дел од жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Москва, а според руските медиуми, Арина неколку пати му правела друштво.

Арина е шампионка во танцување и досега има освоено бројни награди.

Глумецот, пак, не ги коментира пишувањата за наводната врска. Тој е познат во јавноста по тоа што не зборува многу за приватниот живот. Пред Арина, Милош беше во врска со неколку познати Русинки, меѓу кои моделот Саша Лус и актерката Aглаја Терасова.

Scroll to Top