(Фото) Садетин ја оставил Емина за турска глумица

Турскиот милијадер Садетин Саран на почетокот на годината имал кратка љубовна романса со турската глумица Јелиз Шар, пишуваат турските медиуми. Тој за кратко ја изневерил неговата партнерка, пејачката Емина Јаховиќ.

„Садетин брзо свати дека направи грешка и се покаја. Тој и побара прошка од Емина и сакаше да се смират. Садетин ѝ се врати на Емина, а таа му прости за сè“, открива извор близок до двојката.

Глумицата која за кратко време и го украде Садетин на Емина има 42 години. Таа во 2017 година се разведе од познатиот турски глумец Толга Гулеча.

Турските медиуми беа први кои ја открија врската меѓу Садетин и Јелиз, која траеше многу кратко време.

 

 

Scroll to Top