(Фото) Само ќерката од првиот брак на Аркан дојде на свадбата на Вељко и Богдана

Ангела Ражнатовиќ, ќерката на Аркан од првиот брак, беше гостинка на свадбата на Вељко и Богдана што се одржа во неделата. Таа беше на венчавката во црква, а дојде и меѓу првите гости во хотелот „Хајат“. Во текот на вечерта најчесто беше покрај Цеца и полусестрата Анастасија, пренесуваат српските медиуми. Ангела е и на семејната слика од храмот „Свети Сава“, на која се само најблиските членови на семејствата Ражнатовиќ и Родиќ.

Инаку, српските медиуми често пишуваат дека единствено Ангела е блиска со Цеца и нејзините деца. Останатите деца на Аркан не контактираат со нив. Освен Анастасија и Вељко кои ги има од бракот со Цеца, Аркан има уште шест деца од првите две жени – три ќерки и три сина.

Scroll to Top