Саша Ковачевиќ има нов автомобил „порше панамера“, што го платил 150 илјади евра, пишуваат српските медиуми. Тие го сликале печајот со новиот автомобил пред неговиот ресторан во Белград. Автомобилот на Ковачевиќ има кожени седишта. Вратите однатре и седиштата, се тапацирани во црвена кожа, а прозорците се полузатемнети.
Саша не крие дека сака убави и скапи работи. Тој неодамна во јавноста се појави со часовник вреден 50.000 евра.