(Фото) Саша Ковачевиќ отвори ресторан

Саша Ковачевиќ отвори ресторан на една од најатрактивните локации во Нов Белград. Пејачот собра голем број колеги и пријатели на отворањето на својот прв ресторан.

Ковачевиќ пред медиумите кажа дека најмногу сака да јаде паста и томато сос, шкампи, а од домашните специјалитети омилено јадење му е сармата. Ковачевиќ кажа и дека на некои од неговите колеги им се дадени картички и со нив ќе можат да поминат поевтино од другите гости.

Ковачевиќ е познат како човек кој редовно тренира и исклучително води сметка за физичкиот изглед и здравиот живот. Кај пејачот беше забележително дека за оваа пригода ослабнал некое кило.

„Шест месеци не излегов од тука. Секој ден. Ова ми одзеде многу енергија. Како што може да се види, драстично ослабнав. Но некако ги исполнив моите очекувања и сонот да отворам нешто од овој тип, а ако тргне работата, здравје Боже, ќе отвориме уште некој ресторан“, изјавил Саша.

Ресторанот се наоѓа во непосредна близина на неговиот стан.

Scroll to Top