Повеќе од очигледно е дека Сека Алексиќ ужива во мајчинството, а малиот Јаков за прв пат престојува на море.
Сека на Инстаграм објави фотка со Јаков во количката, додека уживала, што во погледот на море, што на својот наследник.
Преслатката фотка ги разнежи сите обожаватели на пејачката, а Сека гордо ги покажа своите облини под тиграстиот фустан.

Да потсетиме, Сека се породи на крајот на септември минатата година, и бидејќи малиот Јаков наскоро ќе наполни година дена, веруваме дека заедничките патувања со родителите ќе ги има се повеќе.