(Фото) Селма на „Бијело дугме“ наполни 90 години, со шампањ се славеше роденденот

Жељко Бебек, пејачот на легендарната група „Бијело дугме“, вчера во старечки дом во Загреб со шампањско го прослави 90. роденден на Селма Бориќ, жената на која ѝ е посветена една од најпопуларните песни на бендот – „Селма“. Бебек со години ја посетува старицата во домот, затоа што сите нејзини блиски се одамна починати, а таа неколкупати за хрватските медиуми рекла дека се чувствува многу осамена. Бебек е со неа за секој нејзин роденден.

„Мојата драга Селма го прослави својот 90. роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата што ја објави на „Инстаграм“.

Песната „Селма“ авторот Владо Дијак ѝ го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма тогаш имала 19 години, а Владо никогаш не ѝ признал дека ја сака.

Инаку, Селма и Бебек првпат се сретнаа во 2012 година.

(ФОТО) Селма и на 89 години е музата на Жељко Бебек

Scroll to Top