На социјалните мрежи кружи фотографија од поранешната сопруга на Боба Живоиновиќ, сегашниот сопруг на пејачката Лепа Брена.
Зорица и Брена многупати досега покажале дека одлично се согласуваат, а впрочем тоа го говорат и нивните заеднички фотографии од семејните собирања.
Зорица од бракот со Боба го има синот Филип, а по разводот, двајцата тргнале по својот пат. Боба се оженил со Брена и добил два сина, Виктор и Стефан, а Зорица повторно се омажила и ги има ќерката Ива и синот Марио.