(Фото) Северина облече африканска виолетова венчаница

Познатата хрватска пејачка Северина на Инстаграм објави фотографија од престојот во Африка, каде е облечена во виолетов фустан.

Пејачката на фотографиите напишала дека станува збор за африканска венчаница. Таа во моментов е во посета на Занзибар, а на фотографиите позира со неколку девојки, исто така облечени во фустани и накит како пејачката.

„Наша Северина секогаш е топ, браво кралице, прекрасна, жена змеј“, се само некои од коментарите кои Северина ги доби под фотографиите.

Пејачката го откажа концертот кој ѝ беше закажан пред два дена, а на социјалните мрежи напиша дека вирусот бил причината за тоа.

„Мака ми е и имам вирус, па затоа немав концерт, но овој морски еж ми го поправи расположението“, напиша под фотографијата пејачката.

 

Scroll to Top